Thursday, July 07, 2005

Гитара-начин на живот

За седмиот роденден моите родители ми купија гитара.
Не се радував на подарокот. Не знаев што е тоа.
Ја ставив над регалот и шест години не ја допрев.
Не знам со каква намера ми ја купија, но тој инструмент го одбележа мојот досегашен живот.

Почнав да свирам во шесто одделение. Ме натера мојот најдобар другар.
Ми рече ќе сме биле славни и женските ќе биле луди по нас.
Не знам колку знаеше во тој момент, но така испадна.
Започнавме со нашата музичка кариера. Постојано свиревме.
Се навлековме со Чорба, па преминавме на Цепелин, Стоунс, Фри, Крим, Клептон.
Во осмо оформивме бенд. Се викаше Нарцис. Почнавме да свириме на помали свирки.
Имавме супер забава. И кога немаше свирки, имавме редовни проби, во гаражата на тапанарот Васко.
А кога немавме проби, ниту тогаш не можев да се одделам од мојата гитара.
Со неа научив да сакам, да почитувам, да бидам добар.
Не се одделив од неа ниту во потешките периоди во мојот живот.
Таа е постојано со мене. Нераскинлива врска од моето битие.

Part 1.

Wednesday, June 22, 2005

Дарба од господ

Господ на секого му дава некоја дарба.
Уште во старт, од раѓање.
И најверојатно господ предвидел таа дарба на човекот, да му донесе среќа во животот.
Човекот треба да ја искористи дарбата, за да се оствари себеси во сите полиња во кои функционира.
Да пронајде љубов, да направи кариера, да прави добри дела.
Така, на некого господ му ја олеснил комуникацијата со другите, на друг му дал физичка сила, на трет повеќе мозок.
На некого креативност за музика, на некого за сликање, на некого за убедување.
Дал и едно чудо други дарби.
Накратко секој мора за нешто да е добар.
Овие дарби се инструкции и насоки, кои треба да ги следиме.

Но многу од нас не го разбираат тоа.
Некои се плашат да си признаат себеси дека за нешто навистина ги бива.
Повеќето ја прават најголемата грешка, не се слушаат себе и паѓаат пред притисокот од општеството.
Мислат дека дарбата е споредна работа и упорно го чекаат она вистинското.
А тоа нема да дојде никогаш, затоа што веќе е тука.
Затоа, АКО добро свириш гитара - биди гитарист.
АКО лесно ги убедуваш другите и имаш чисти мисли - биди лидер.
АКО имаш убав глас и добро пееш - јасно, биди пеач.
АКО добро пишуваш - биди писател.
АКО играш фудбал подобро од другите - тогаш мораш да бидеш фудбалер.

Тоа е тоа. Кратко и јасно.
Е сега ако ја заобиколиме дарбата и се концентрираме на нешто за кое не сме сигурни дека е вистинско за нас, треба да бидеме подготвени и да ја примиме казната.
А таа ќе дојде сигурно. Во форма на очај, стрес, депресија.

Значи, не е доцна. Никогаш не е доцна.
Пронајдете си ја дарбата и бидете среќни.
ФАЛА не ми треба, само вие бидете ОК.

Friday, May 20, 2005

Mudrost na Evreite

Imaj vreme za rabota - toa e cenata na uspehot,
Imaj vreme za razmisluvanje - toa e izvor na mokta,
Imaj vreme za igri - toa e tajna na mladosta,
Imaj vreme za citanje - toa e osnova na mudrosta,
Imaj vreme za prijatelstvo - toa e pat do srekata,
Imaj vreme za sonuvanje - toa e pat kon zvezdite,
Imaj vreme da sakas i da bides sakan - toa e privilegija na bogovite,
Imaj vreme da gledas okolu sebe - premnogu e kratok denot za sebicnost,
Imaj vreme za smea - toa e muza na dusata.

Stoznam, mozebi nekoja nasoka za denot koga ne ni odi.

Friday, May 06, 2005

um,intelegencija,mudrost - nema problem

Primer 1.

"Eeej! E ovoj e tezok kreten. Idiot. Misli deka znae se, a u stvari pojma nema."
Pameten: Mali, ne e toa taka kao sto mislis ti. Jas ke ti kazam sto e rabotava. Evropska unija ti e zakon. Ako vlezeme, ke dobieme mnogu. Razbiras?
Popameten: Ne e taka be. Samo ne lazat, Evropskata unija ne ne saka. Tie tamu nemaat popametna rabota, pa so nas ke si go gubat vremeto.
Kavga. Fakti: kurac.
Sto e EU, zosto nie vo EU, koj se e vo EU?-odgovor: "malo morgen".

Primer 2.

Pameten: Slusaj bace, jas na fakultet ucev za covekovata priroda i sfativ deka covekot e alcen.
Sekoj misli prvo za sebe, pa posle za drugite.
"Ekstrapameten:Sto si misli be ovoj, deka e mnogu pameten?"
- Sto zboruvas be ti? - Covekot toa go tera zivotot, mislis sekoj se raga alcen. Toa otposle ide.

Nema labavo, bratce. Nema labavo. Primeri kolku sakas.
Vo nasata drzava ima mnogu pametni luge. Vsusnost, site sme pametni. Abe kako pametni, nie sme prepametni. A drzavava ne ja biva.
Nikoj na nikogo ne mu priznava znaenje. Matematicar na ovcar ne moze da mu dokaze deka 5 +5 =10, bez pritoa da nastane diskusija, koja ke se pretvori vo kavga.
Zosto e toa taka i dali e toa slucaj samo kaj nas?
Nitu jas ne se izzemam od ovaa kategorija. Cesto si se sovetuvam samiot, deka treba da se pofali covek koga pravi nesto dobro. Ili da se kitikuva, ako pravi loso.
Megutoa dodeka slusam nekoj pameten makedonec kako mi soli pamet, pocesto mi doaga da mu kontriram, otkolku da mu priznaam za ona sto go "mele".
Pred nekoj den imav retka moznost da se rakuvam so Kiro Gligorov, covekot koj iskreno go pocituvam. Vo trite reda muabet koi mi gi svrza, mi ostavi eden amanet. Citiram:"na vas mladite ostanuva drzavata, cuvajte ja".
Vo kontekst na ovoj amanet ve povikuvam sto pobrzo da se izlecime od site predrasudi i kompleksi. Da se pocituvame malku poveke, a mozebi i da se sakame( kako vo vremeto Titovo).
Ke ni bide polesno. Znaci posmireno da go primame znaenjeto na drugite, da ne se plasime da prasame ako ne znaeme itn., itn. Razbirate li be? :)))))))))))))))
A sada pozdrav, mladino Makedonije.